На прес-конференција за медиумите, Васко Василевски од ВМРО-ДПМНЕ, изјави дека целта на инспекциските контроли на УЈП се сите угостителски локали на територијата на општина Аеродром.
„Два култни локала во Аеродром, „Палма“ и „Тренд“ се веќе затворени од инспекциите, а во останатите угостителски локали инспекциите продолжуваат со тортурата. За жал реалниот впечаток и вистинската причина е всушност дека се работи за класични политички притисоци од страна на новата власт на СДС кон сопствениците на угостителските објекти“, рече Василевски.
„Реалната причина за затворањето на локалите е тоа што на шеќерчињата кои ги служеле го има логото на општината Аеродром. Основната причина за партиските инспекции е тоа што СДС е исплашен дека ја нема поддршката во Аеродром. СДС е исплашен за успехот на општината. Се лажете доколку мислите дека преку закани и притисоци ќе си го кренете рејтингот. Ова што СДС го прави во Аеродром е класична политичка злоупотреба на институциите“, дополни Василевски.