6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Честитка од Џафери по повод празникот Успение на Пресвета Богородица

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери денеска упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија г.г. Стефан по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица.

– Дозволете ми, од свое лично име и од името на пратениците во Собранието на Република Македонија, Вам лично, на членовите на Светиот Архиерејски Синод, на монаштвото и свештенството, на сите православни верници на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија во Република Македонија, да Ви го честитам големиот христијански празник, Успение на Пресвета Богородица, пишува Џафери во честитката.

Празнувањето на големите верски празници, како што посочува претседателот на Собранието, треба да ни биде водилка во почитувањето на вистинските вредности, чесноста и одењето напред на вистинскиот пат.

– Сите заедно, сполотени, да се стремиме кон подобра иднина за граѓаните на Република Македонија, преку заемна почит и разбирање, истакнува Џафери во честитката, посакувајќи им на сите православни христијани во Републикава празникот да го поминат исполнети со многу здравје, среќа и спокој.

поврзани објави

Последни објави