27.8 C
Skopje
Wednesday, June 12, 2024

ВИДЕО: УЕФА одлучи – погледнете го најубавиот гол за изминатата сезона

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) денеска ги објави резултатите за гласањето за најубав гол во изминатата сезона.

Со признанието, гол на сезоната се закити хрватскиот репрезентативец од редовите на Јувентус, Марио Манџуќич со голот во финалето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид (4-1).

Манџуќич доби 26 % од головите, додека зад него се пласираа Сенегалецот Муса Соу од Фенербхаче со голот против Манчестер Јунајтед, а третото место го зазеде Касемиро од Реал Мадрид со голот во 1/8 финалето против Наполи.

https://www.youtube.com/watch?v=gpxr3j50Xeg

 

поврзани објави

Последни објави