2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Вучиќ: Србија нема повеќе да биде „вреќа за удирање“

Ние имаме добри односи со Македонија, со македонскиот народ и немам ништо против политиката на Македонија, изјави синоќа претседателот на Србија, Александар Вучиќ за телевизија „Хепи“, коментирајќи го неодамнешното повлекување на целиот персонал од Амбасадата на Србија во Скопје.

Како што јави ТАНЈУГ, Вучиќ истакна дека го почитува македонскиот премиер Зоран Заев и оти нема проблем со тоа што се сретнал со Драган Шутановиќ.

– Мене ме интересира каква ќе биде нивната политика кон Србија и важно ни е каков ќе биде нивниот став по повод УНЕСКО, по повод некои други прашања кои се важни за Србија, На тоа ќе градиме реципрочни, искрени и добри односи со Македонија, но нема повеќе на кого било да му бидеме вреќа за удирање, а ниту да кренеме раце, истакна Вучиќ.

Тој во телевизиското интервју се осврна и на шпекулациите за ангажирање на САД во дијалогот Белград – Приштина.

– Ние прифативме дијалогот меѓу Белград и Приштина да се води во Брисел, а може да се води каде било под патронат на Брисел и тоа е во ред, но ако се уфрлуваат некои други играчи, тогаш дајте да разговараме за тоа кој уште треба да влезе, посочи Вучиќ.

поврзани објави

Последни објави