-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Синот на Абрамович купува клуб кој игра во Лигата на шампиони

Аркадиј Абрамович, најстариот син на богатиот сопственик на премиерлигашкиот гигант Челси, Роман Арамович, се реши да ги следи патеките на својoт татко, односно да купи клуб.

Богатството на Аркадиј кој е сопственик на конзорциумот АРА каптал, се проценува на околу 2.8 милијарди долари, а дел од оваа голема сума на пари е спремен да ја вложи во купување на фудбалски клуб.

Како што пренесуваат медиумите, Аркадиј е главниот кандидат за купување на московскиот великан ЦСКА и е подготвед да започне револуција во Русија. Сумата која треба да ја инкасира за клубот изнесува 300 милиони долари.

ЦСКА Москва е еден од најсилните и најпопуларните руски клубови. Од оснoвањето на руската лига, ЦСКА дури шест пати беше шампион, а исто така е и редовен учесник во Лигата на шампиони. Оваа сезона ќе се натпреваруваат во групата А, заедно со Бенфика, Басел и Манчестер Јунајтед.

поврзани објави

Последни објави