За време на денешната пресконференција на претседателот на опозоциската ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, едно од момчињата што стоеше зад него се онесвести додека Груевски зборуваше. Младите кои стоеја до момчето кое се онесвести збунето погледнуваа кон него и не реагираа воопшто со цел да му помогнат.
После тоа момчето стана и полека си замина од кадарот. Не се знае дали претседателот на ВМРО ДПМНЕ знаел за ова ако се земе во предвид тоа дека тој продолжи со својот говор.