-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Работна посетата на Никола Димитров во Германија

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, утре ќе престојува во еднодневна работна посета на Берлин, Сојузна Република Германија, на покана на германскиот министер за надворешни работи, Зигмар Габриел.

На средбата на двајцата министри, се очекува да бидат разменети мислења за натамошно интензивирање на политичкиот дијалог, како и да биде пренесено очекувањето за засилена поддршка и помош од пријателска Германија во исполнувањето на клучните реформски приоритети, во насока на што поскоро отворање на европските и евроатлантските перспективи на нашата земја.

Покрај средбата со министерот Габриел, предвидено е министерот Димитров да оствари средба и со советникот на канцеларката Ангела Меркел за надворешна и безбедносна политика, Кристоф Хојзген, на која меѓудругото се очекува да биде разговарано и за стратешките приоритети на новата реформска Влада, насочени кон придвижување на процесите за што поскора интеграција на Република Македонија во ЕУ и НАТО.

За време на работниот престој во Берлин, министерот Димитров ќе оствари средби и со високи претставници на двете најголеми германски фондации „Конрад Аденауер“ и „Фридрих Еберт“, а свое обраќање ќе има и во реномираното Германско друштво за надворешна политика (ДГАП) во Берлин.

поврзани објави

Последни објави