23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

Русите направија потег кој сосема сигурно ќе го налути Западот и ОН

Началникот на воените единици на источна Либија, Халифа Хафтар во текот на вчерашниот ден го посетил рускиот носач на воени авиони во Средоземното море, објавија руските медиуми.

Овој потег се толкува како знак на руска поддршка на бунтовниците кои се против либиската влада составена под закрила на Обединетите нации (ОН).

Хафтар бил примен на носачот на авиони„ Адмирал Кузњецов“ кој се враќа од Сирија во Русија. Либискиот гостин бил во обиколка на бродот, а потоа на видео-врска имала разговор со рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгум со кого разговарале за борбата против тероризмот во Блискиот исток.

Како што е познато, Либија по падот на Гадафи е поделена на фракции, на источна и западна која ја сочинува власта во државата, владата и парламентот.
 

поврзани објави

Последни објави