Каква грешка на Баварците. Пуштањето на Тони Крос ни помалку ни повеќе туку во Реал Мадрид значеше само едно: Баерн веќе никогаш нема да доминира во Европа, туку таа чест ќе му припадне на кралскиот клуб од Шпанија.
И додека знаевме дека Крос е беспрекорен асистент, од кратки до долги пасови, фудбалските стручњаци неговата способност и отпорност на противничкиот притисок денес го сметаат за негов најголем квалитет. Способноста да го задржи поседот на топката при пресинг е неговата најсилна страна.
Еден од фудбалерите кои сметаат дека Реал направи паметен потег со привлекувањето на Крос е легендата на Манчестер Јунајтед Рио Фердинанд. Тој смета дека Реал со доведувањето на Крос го надмудри Јувентус кој во претходните неколку години донесе повеќе играчи за многу малку пари. Помеѓу останатите и Видал за 11 милиони евра од Баерн и Андреј Пирло за нула евра од Милан.
Крос чинеше 20 милиони, но тоа повеќе му се исплатеше на Реал, кој освои две титули на Лига на Шампиони.
Многумина велат дека успехот на Реал во последните неколку години се крие во Крос, Модриќ и Иско кои се многу повеќе заслужни за успехот на клубот отколку заложбите на Роналдо, Бензема и Бејл.
https://www.youtube.com/watch?v=BMREycemXHg