Денес се навршуваат девет години од хеликоптерската несреќа која се случи близу Катлановско Блаце, а во која трагично животото го загубија единаесет припадници на воздухопловната бригада (ВБР) на АРМ.
Во сеќавање на жртвите кои се враќаа дома од мировната мисија „алтеа“ во Босна и Херцеговина, денес ред спомен-обележјето во касарната „Страшо Пинџур“ и на местото каде што се урна армискиот хеликоптер, венци и цвеќиња положија делегации од министерството за одбрана и генералштабот, од кабинетот на претседателот, од Општината Петровец и најблиските на загинатите.
Истрагата за падот на армискиот ми-17 заврши кон крајот на 2011 година со одлука без кривична одговорност, со образложение дека необученоста на пилотите за управување во сложени временски услови и лошото време предизвикале леталото да се сруши.