15.8 C
Skopje
Monday, October 28, 2024

Николиќ не се откажал од идејата за канал Морава-Вардар до Солун

Претседателот на националниот совет на Србија за соработка со Кина и со Русија, Томислав Николиќ денеска во разговор со министерката за градежништво, сообраќај и инфраструктура, Зорана Михајловиќ, истакнал дека не се откажал од идејата за изградба на канал Морава-Вардар до грчкото пристаниште Солун.

Тој рекол дека има поддршка од Кина за проектот доколку со него се согласат Македонија и Грција и оти за тоа ќе работи со властите во Скопје и во Атина.

Николиќ потенцирал дека многу брзо ќе и достави на Владата нова студија за тој проект, јавуваат белградски медиуми.

поврзани објави

Последни објави