Јужноафрканската полиција соопшти дека ловокрадците обезглавиле три лава и им ги одсекле шепите, најверојатни поради употреба во традиционалната медицина.
Потпаролот на полицијата Моатсе Нгупе кажа дека во ловиштата во регионот Лимпопо, лавовите прво биле нахранени со отровно месо а потао измасакрирани. По неговите зборови ловокрадците до паркот каде што биле лавовите дошле сечејќи ги трите безбедносни огради.
Лешовите се најдени во среда, а полицијата ги нашла крвавите траги до главниот пат. Традиоционалните исцелители во околината се спремни да платат високи цени за ретките состојки. Сопственикот на ловиштето Андре де Ланге истакна дека ова е втор пат во последните шест месеци да неговиот парк биде мета на ловокрадци.