11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Германското чудо од дете има 12 години, има девојка од 18 години, клубот сака да го стави на специјални тестови

Инаку, Муококо е роден во Камерун на 20-ти ноември 2004 година, а се чини дека Борусија сака додатно да го тестира како навистина би се увериле дека тоа е неговата возраст.

Германското фудбалско чудо од дете, дванаесетгодишниот Јусуфа Моукоко дебитираше за германската репрезентација до 16 години. Во победата од 3:1 против Австрија ги одигра последните 15 минути.

Повикот го доби поради брилијантните игри во тимот на Борусија Дортмунд до 17 години, каде во пет натпревари даде 13 голови.

Инаку, Моукоко е роден во Камерун на 20-ти ноември 2004 година, а се чини дека Борусија сака додатно да го тестира како навистина би се увериле дека тоа е неговата возраст.

Со оглед на тоа дека е роден токму во Камерун, веднаш се појавија шпекулации дека баш и нема 12 години. Неговиот татко Џосеф се обиде да ги демантира тие информации.

-Тој навистина има 12 години, откако се роди, го регистрирав го германскиот конзулат во Јоандеу, така што имаме германски извод од матична книга на родени.

Таткото додаде дека Јусуфа и не може да биде постар кога неговата мајка има само 28 години.

Билд јавува дека неговата девојка има 18 години, а и таа исто така е фудбалерка и игра за Сент Паули.

поврзани објави

Последни објави