Министерството за образование и наука ќе додели 50 стипендии за студентите роми, кои се запишани на додипломски студии во прв циклус. Од нив половина ќе бидат наменети за студенти, бруцоши, а другите за втора и останатите години. Студентите во период од 9 месеци ќе примаат 5000 денари.
Од минатогодишните 32 доделени стипендии, 21 заминаа во студентите од прва година, од кои 19 ја завршиле годината и запишале втора.
Покрај стипендиите за студенти, МОД веќе 8 години доделува стипендии и за ромите средношколци. Со оваа мерка за финансиска поддршка, се очекува да се зголеми бројот на роми и во високото образование.