13.8 C
Skopje
Saturday, April 19, 2025

Диета според формата на телото

Обликот на нашето тело влијае не само врз тоа како изгледаме туку и со каква брзина качуваме килограми и исто така  дали со леснотија ги губиме. Формата на телото е првото нешто на кое треба да посветите внимание пред да го изберете и видот на спорт, со кој ќе се занимавате.
Но формата на телото е и она од што треба да се раководиме, кога станува збор за одржување на доброто здравје и високиот квалитет на живот. Не заборавајте дека исхраната игра клучна улога во сите овие процеси. Изберете исхрана според вашата фигура. Истражете го телото, одредете кон кој тип припаѓате и така избалансирајте ги храната и спортот.

1. Правоаголна фигура
Ако имате тесни колкови, не толку јасно изразена половина и гради кај вас не постои голем ризик да стекнете вишок килограми. Сепак потребно е да вклучите во менито што е можно повеќе здрави масти и протеини – консумирајте авокадо, бадеми, лосос, мисиркино месо. Избегнувајте брза храна и прекумерно количество на слатка храна. Инаку ризикувате да имате хормонални проблеми. За да ги избегнете, спортувајте. Во вашиот случај можете да изберете каков и да е спорт, без ограничувања.

2. Крушковидна фигура
Луѓето кои припаѓаат на оваа група, имаат акумулација на масти во долниот дел од телото. Повеќето од луѓето со таква форма, многу тешко можат да го соборат вишокот на сантиметри на колковите, затоа што организмот им задржува повеќе вода отколку како на луѓето со други форми на телото. За да го избегнете овој проблем, консумирајте повеќе месо, јајца, риба и други производи богати со протеини. Идеалните овошја за вас се лубеницата и ананасот, бидејќи тие идеално помагаат во детоксикацијата на телото. Многу погоден за оваа форма на телото е и зелениот чај. За да имате идеална тежина и форма избегнувајте го белиот леб, оризот и тестенините. Изберете спорт како пливање на пример – тоа идеално ќе ја оформи вашата мускулатура.

3. Тело во облик на „јаболко“
За жал луѓето со оваа форма многу лесно ги подигаат килограмите и многу тешко се разделуваат со нив. Обидете се да јадете помали порции што е можно почесто – тоа е најдоброто решение за проблемите со вашата прекумерна тежина. Вашето мени треба да содржи претежно овошје и зеленчук, витамин Ц, млечни производи со ниска содржина на масти. Заборавете на лебот и зеленчуците кои можат да предизвикаат подуеност на стомакот, како зелката и брокулата на пример. За вас повеќе од останатите групи е важно да вежбате барем три пати неделно.

поврзани објави

Последни објави