Зимскиот распутст за учениците ќе биде продолжен за пет дена, односно наместо на 18 јануари, второто полугодие ќе започне на 23 јануари.
Оваа одлука беше донесена денес, откако Министерот за здравство по состанокот со комисијата за заразни болести одлучија да распустот да се пролонгира за пет дена со цел намалување на опасноста за ширење на сезонскиот грип.
Како останати мерки за заштита одлучено е автобусите за Јавен превоз да бидат дезинфекцирани секојдневно, а истото важи и за училиштата пред да започне второто полугодие.