Една од економски најстабилните фирми во Македонија, фабриката за производство на масло за јадење „Брилијант“ сосема неочекувано се одлучи да прекине со работа.
Постојат две варијанти за ваква одлука на сопственикот, од која поверојатна е онаа првата во која се верува дека „Брилијант“ најверојатно ќе се најде на продажба.
Втората варијанта пак вели дека сопственикот Мите Николов се одлучил на ваков потег, поради притисокот од страна на Управата за јавни приходи и Финансиската полиција, кои и повеќе од често биле гости во компанијата.
Дел од вработените останале во фабриката која работи со намален капацитет и само го филтрираат и пакуваат маслото за јадење, кое пристигнува од фабриката од Србија. Другите пак најверојатно ќе бидат распоредени и на други работни места во компанијата.