На крајот од октомври во Струмица, најверојатно, ќе се организира бугарско-македонски бизнис форум под покровителство и учеството на премиерите од двете држави. Според извори во деловниот свет во Бугарија, на овој економски форум на менаџерите и локалните власти ќе им бидат презентирани непосредните приоритети на Бугарија со претседавањето со ЕУ.
На иницијатива на официјална Софија се подготвува и план за помошта што за аспирантите од регионот кон евроинтегрирањето што е иницијатива на четири членки во Унијата од регионот. ТВ екипата на Фактор магазин во Софија забележа оценки дека Договор за добрососедство и пријателство отвара врати за интензивирање на заедничките инфраструктурни проекти и зголемување на обемот на трговската размена.
Според Цветан Симеонов, претседателот на Бугарската трговска комора, прв приоритет треба да биде изградбата на модерен автопатот Скопје Софија, а не железничка пруга. Покрај бизнис форумот, наредниот месец, се очекува и продолжување на на македонско-бугарскиот неформален новинарски дијалог. На новата средба во Скопје, по иницијатива на дваесетина уредници и директори, се реализира договорот за реемитување на националните сервиси. Кабловските оператори во Бугарија и Македонија ги направија достапни за гледачите програмите на националните сервиси – МРТ и БНТ во двете земји.