Кандидатот за градоначалник на Делчево од СДСМ и коалицијата Горан Трајковски со прес-конференција на која го образложи предизвикот за кандидатурата и дел од изборната програма и официјално ја почна предизборната кампања за локалните избори.
Трајковски истакна дека за него е предизвик да се врати животот во Делчево и да се изгради Делчево кое ќе биде град за гордост.
Предизвикот пред нас е да го вратиме животот во Делчево, да ги задржиме младите во Делчево, со мерак и љубов да гледаме како тие остануваат дома и формираат семејства и градат иднина во родното Делчево. Предизвикот е да се работи чесно и да се вложуваш од срце со една мисла, со една цел – да има живот за сите. И за земјоделците, за работниците, за пензионерите, за младите. На лицата кои живеат на социјалното дно да им го вратиме достоинството, да го изградиме Делчево – град наша гордост. Јас се нафаќам на овој предизвик, бидејќи друг град немам. Јас го имам само ова мое Делчево, истакна Трајковски.
Коалицијата на СДСМ вечерва ќе одржи партиска конвенција на која ќе бидат претставени кандидатот за градоначалник и листата со кандидати за членови на општинскиот Совет предводена од адвокатот Драган Маневски.