11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

МПЦ го поддржа Договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Македонија

Светиот синод на Македонската православна црква официјално го поддржа Договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Македонија, кој беше потпишан на 1 август во Скопје од премиерите на двете земји – Бојко Борисов и Зоран Заев.

Светиот синод во официјално соопштение по денешниот состанок вели дека во време кога МПЦ ја прослави својата 50-та годишнина, владите на Република Бугарија и Република Македонија потпишаа договор за пријателство, добрососедство и соработка.

„Тоа е модел за решавање на отворените прашања од минатото со цел да се изгради иднина меѓу двата братски соседни народи во рамките на евроинтеграциите“, се вели во соопштението.

„Ваквите договори исто така може да помогнат да се решат отворените црковни прашања и да остварат своја конструктивна рефлексија во градењето на односите меѓу црковните структури во регионот… Светиот синод изразува надеж дека наскоро Сеправославната црковна полнота ќе ја прифати македонската црковна реалност“, се вели во официјалниот документ.

поврзани објави

Последни објави