13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Одреден притвор за Едмонд Темелко

Основниот суд во Скопје го прифати барањето на Специјалното обвинитество и му определи 30-дневен притвор на градоначалникот на општината Пустец во Албанија, Едмонд Темелко – објави „Алсат-М“.

Дури и да има жалба, решението за притвор е извршно.

Портпаролите на МВР за информација дали е приведен Темелко не упатија во СЈО.

– Имаме договор за сите случаи на СЈО, тие да ви даваат информации – велат од МВР.

Од СЈО пак на ова ни одговорија дека немаат информација дали е приведен Темелко.

Тој е обвинет во случајот Титаник со евентуални изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година. Неофицијално се дознава дека и покрај тоа што имал забрана да не ја напушта Македонија, Темелко во изминатиот период неколкупати ја минал границата користејќи албански исправи за идентификација. Во споменатиот судски случај на Специјалното обвинителство се обвинети и неколку други политичари. Никола Груевски, Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиески, Мартин Протуѓер и Кирил Божиновски.

По победата на изборите одржани во 2007 година, Темелко станал градоначалник на Општина Пустец во областа Мала Преспа во Албанија. Тој во февруари минатата година беше уапсен поради сомневање за поврзаност со изборни измами од случајот „Титаник“.

поврзани објави

Последни објави