Најдобрата тенисерка на Македонија, Лина Ѓорческа ја помина и втората пречка во квалифкациите за учество на првиот гренд-слем турнир во годината, Австралија Опен.
Ѓорческа која е на 206. позиција на ВТА листата ја прегази Далма Галфи од Унгарија, која котира подобро и се наоѓа на 160. место на ВТА листата.
Лина го одигра еден од најдобрите натпревари во својата кариера, препуштајќи и на својата противничка да освои само два гема, по еден во двата сета, за убедлива победа од 6:1, 6:1.
За пласман во првото коло од Австралија Опен, Ѓорческа ќе треба да победи во третото коло од квалифкациите, каде силите ќе ги одмери со подобрата од дуелот помеѓу Стефани Фогел и Амра Садиковиќ.