Портпаролот на Европската комисија, Маргаритис Скинас, на прес-конференција во Брисел изјави дека референдумот за независност на Каталонија спроведен на 1 октомври е нелегален.
„Во согласност со уставот на Шпанија, вчерашното гласање во Каталонија беше незаконско“, рече Скинас. За ЕК, како што изјави претседателот Јункер, ова е внатрешно прашање за Шпанија, кое треба да се реши во согласност со уставниот поредок, се вели во официјалното соопштение.
„ Ја потврдуваме правната позиција на Комисијата. Ако референдумот беше организиран во согласност со шпанскиот устав, Каталонија автоматски ќе се најдеше и надвор од Европската унија. Комисијата верува дека денес е време за единство и стабилност, а не за поделба и фрагментации. ги повикуваме сите засегнати страни да преминат побрзо од конфронтацијата кон дијалогот. Насилството никогаш не може да е инструмент во политиката. веруваме дека администрацијата на премиерот Маријано Рахој ќе се справи со овој тежок процес, но тоа треба да стане во рамките на шпанскиот устав и основните права на граѓаните содржани во него“, соопшти Европската Комисија.








