3.8 C
Skopje
Friday, December 13, 2024

Мурињо објасни зошто не се жали поради повредата на Погба

Жозе Мурињо може да биде исклучително задоволен од начинот на кој неговиот Манчестер Јунајтед ја почна новата сезона во Англија, но во Лигата на шампионите. Сепак, повредата на Пол Погба сериозно го загрижи, земајќи во предвид дека тој е еден од клучните играчи во неговата екипа.

Иако повредата на Погба е голем удар за Црвените ѓаволи, тимот на Мурињо, и без него во екипата, продолжи да остварува прекрасни резултати.

По повредата на францускиот играч Јунајтед запиша победа против ЦСКА МОсква и Кристал палас, а Мурињо откри поради што, во медиумите, не сака да се жали поради повредата на Погба.

“Никогаш нема да ни недостасуваат фудбалери кои се повредени. Тоа е наш начин на размислување. Тие се повредени, не размислуваме за нив. Тоа е прилика за други да добијат шанса и да покажат што знаат, тоа е добра работа“, истакна Мурињо, па додаде: Кога често се жалиме поради повреда, тоа делува како да не им веруваме на другите играчи, а мораме тоа да го правиме.“

поврзани објави

Последни објави