Фудбалерите на Легија имаа тешка ноќ по убедливиот пораз од 3:0 од Лече, што беше капка која ја прели чашата кај оние најзагрижени навивачи на клубот од Варшава.
Легиа оваа сезона игра катастрофално. Откако полскиот великан не успеа да се квалификува во групната фаза на Лига на шампиони, па дури ни во Лига Европа, проследија разочарувачки резултати и во домашното првенство во кое овој тим се наоѓа на 8. место.
Навивачите го изгубија своето трпение по огромниот пораз во дербито, па ги почекаа своите фудбалери на паркингот кој што се наоѓа пред стадионот. Кога автобусот на фудбалерите пристигна, тие беа повикани да излезат од автобусот, а тогаш следуваше не само вербални “конфликти“, туку и физички напади. Педесет хулигани почнаа да им удираат шамари на поединци од фудбалскиот тим на Легиа, како и на членови на стручниот штаб, но полските медиуми пишуваат дека никој од играчите немаат сериозни повреди. Кај некои фудалери се забележени модрици по глава, но сепак се помина добро како што можеше и да се заврши.
Ќотек можеше да добие и хрватскиот тренер Ромео Јозак, кој за цела среќа нешто порано излезе од автобусот па се спаси од хулиганите.