12.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

Бугарски летоци за повеќекратна употреба

„Бугарските“ летоци отново се појавија на македонската политичка сцена. Не не, нема потреба да погледнувате кон календарот, годината не е 1990, не се наоѓаме во предизборната кампања за првите парламентарни избори од почетоците на плурализмот во нашата „заробена во историјата“ земја. Сакам да ве известам дека годината е 2017, повторно сме во виорот на предизборна кампања и НЕКОЈ реши да си игра на поголем католик од Папата. Ако пред 30-тина години организатор на евтините „бугарски“ провокации беше Тито Петковски, денес сторителот е сѐ уште непознат.

Како само се менуваат работите во Македонија. На последните парламентарни избори „плавите“ станаа „црвени“, а „црвените“ се претворија во „плави“. Така е и со летоците за предизборна употреба, ако во времето на поранешните комунисти и сегашни социјалдемократи Бранко и Тито, како „бугараши“ беа определени ВМРО-ДПМНЕ и нејзиното членство, денеска во времето на  социјалдемократот Заев токму неговата партија се најде на истиот удар, само затоа што го потпиша Договорот за добрососедство и пријателство со соседна (братска) Бугарија. Токму работата околу овој договор почна во времето на првата ВМРО-вска влада, претводена од Георгиевски и мислам дека најприродно ќе беше да биде завршена од неговиот наследник Никола Груевски, кој имаше доволно време да ја извади Македонија од неудобната ситуација да е во недефинирани (на моменти дури заладени) односи со својата најблиска држава на Балканот. „Парето“ со овој фамозен договор се падна кај Заев и ете нѐ пак во зората на плурализмот. Ете нѐ пак 27 години назад.

Знаете ли што е најтрагичното во ова повторно враќање на летоците? Не е текстот. Текст како овој секој може да срочи. Ти требаат само една или две упорни точки, неколку тони чувство на исполнетост и омраза, неколку длабоко врежани во тебе комплекси и оп имаш текст. Пораката што се испраќа е многупострашна. Погледнете го самиот изглед на летокот. Црнобел е!!! Тие што ја извеле ова провокација можеле барем да потрошат денар повеќе за ова ср*ње, барем да биде во боја. Ало другари годината е 2017, до кога вака ќе сакате да играте со големите батковци во Прва лига, а ќе се ценкате за едно печатење во боја. Покажете барем малку стил бе, да му ја е*ам мајката!!!

Пораката од овие летоци е јасна. Некои кругови не сакаат Македонија макар и во новиот милениум да се излечи од своите југословенски болести. Да си пробаат милите, па белким ќе им запали. Белким ќе се најдат неколку стотини усијани глави кои ете ќе се попалат на веќе милион пати сервираните и подгревани антибугарски муабети. Другари треба да смените неколку работи, прво сменете ја плочата, после сменете го дилерот и сменете ги книгите со митови и легенди, што ги читате со книги кои се бават со сериозни научни теми.

Бедниот изглед на расфрланите летоци ми кажува само едно. Нема да им успее. Македонија ќе оди напред и покрај комуњарските фори „продадени“ како герила маркетинг изум на Тито Петковски, а денес искористени повторно од неговите идеолошки наследници. Македонија ќе створи имунитет за ваквите евтини провокации. Македонија ќе биде една нормална европска земја, која ќе гради пријателство со сите свои соседи и нема да биде држена како заложник на одредени кругови или пак цели држави. Македонија ќе успее да се извлече од затворениот круг во кој што сега се наоѓа.

Целата таа приказна со летоците во себе крие една многу тажна работа. Ако интелектуалната импотентност на авторите на оваа бурлеска можеше да се манифестира преку физичка болка, тогаш тие милите ќе требаше да бидат под непрекината терапија со многу јаки аналгетици или пак да извршат ритуално самоубиство по примерот на еден куп секти низ светот, бидејќи „верглањето“ на едни и исти муабети, стигматизирањето на цели групи на луѓе и омразата се нешта што ги опишуваат токму сатанистичките секти.

Кога ќе ми текне дека Норвешка увезува ѓубре за да прави електрична енергија, веднаш во главата ми доаѓа и мислата дека ние можеме милиони да направиме, ако нашето ѓубре и го испорачуваме на Норвешка. Има само еден мал проблем, сѐ уште уживаме во ѓубрето околу нас и во нас. Материјалниот отпадок не е толку страшен, ете од него може да се прави струја, духовниот е тој што нѐ уништува. Отровот што тој го носи со себе нѐ убива како цивилизиран народ и не претворува во аморфна маса, што околу себе сее само омраза и буди само чувства на жал и потсмев. Јас не сум за таков филм, доволно пати ни го емитуваа. Време е да се разбудиме бидејќи 1990-та одамна помина, а веќе ја чекаме зимата на 2017-та. Доста беше!!!

Пишува: Батко Тане

поврзани објави

     

Последни објави