13.8 C
Skopje
среда, октомври 15, 2025

„Монструм“: Обвинетите негираат вина, адвокатите велат дека нема докази за тероризам

На денешната седница на Врховниот суд, обвинетите во случајот „Монстур“ повторно ги отфрлија обвинувањата за петкратното убиство кое се случи пред пет години на Смилковското езеро. Тие се осудени на доживотна казна затвор заради тероризам, а нивните адвокати велат дека не постојат докази дека нивните клиенти го сториле ова кривично дело.

„Треба да постојат низа логични и поврзани факти и околности за да има основа за осудителна пресуда. Во предметот не постои непосреден доказ дека обвинетите сториле кривично дело. Првостепениот суд има верба во заштитен сведок кој вршел утврдување на идентитетот, односно идентификација на обвинетите 6 месеци по настанот“, вели адвокатот Ѓорги Настевски.

Според неговиот колега, Насер Рауфи, случајот „Монстурм“ е класично монтирано сценарио.

„На многу наивен и привиден начин е дојдено до монтирање на обвинението за случајот, а потоа и на пресудите. Во монтирањето е искористен загрозениот сведок Е1, возилото Опел омега, како и вешатачето на доказите“, изјави Рауфи.

По барање на адвокатите на обвинетите, предистражната постапка за „Монструм“ ја презема Специјалното јавно обвинителство.

поврзани објави

         

Последни објави