Вечерва на најголемиот плоштад во Скопје „Македонија“ ќе се одржи јубилејното 10. издание на „Ѕвездено Небо за Тоше“ во чест на прерано починатиот пејач Тоше Проески.
Музичкиот хепенинг кој гласи „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“ ќе започне од 20 часот, а е ориганизиран од фан клубот на Тоше Проески, како и неговата фондација.
И по 10 години од смрте на нашата музичка ѕвезда ќе биде промовирана нова песна, досега необјавена, а испеана од Тоше, под име „Light the Flame“.
Овој настан „Ѕвездено Небо за Тоше“ се одржува во сеќавање на ликот и делот на Тоше Проески кој на 5. октомври 2007 година на Градскиот стадион во Скопје го одржа својот последен концерт, кој беше хуманитарен и наменет за подобрување на условите во образованието. За жал само по 11 дена, на 16 октомври го загуби животот во трагична сообраќајна несреќа во Хрватска.