-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Заев: Нема место за насилство и нерегуларности, ние срушивме режим со пенкало!

Актуелниот премиер на Македонија и лидер на СДСМ, Зоран Заев синоќешниот митинг во Ѓорче Петров го искористи да апелира да се смират страстите и да прекине насилството. Ова е иницирано по низата настани што се случија во текот на изборната кампања.

„Ние сме демократска власт. Македонија ќе оди напред само по демократски пат. Во Република Македонија нема место за изборни нерегуларности и манипулации. Осудувам било каков тип на насилство во изборниот процес и повикувам на воздржаност од било каква активност која може да нанесе било каква дамка на изборите. Срушивме режим со пенкало. Во нашата политика нема место за омраза и агресија. Така и ќе продолжиме! Ние сме победници и немаме право, а имаме обврска да блескаат изборите, да има сјај, да имаме чисти кристални избори во оваа наша Македонија оти победуваме!И Македонија тоа го заслужува“, изјави Заев пред насобраните граѓани во Ѓорче Петров.

Во продолжение од своето излагање Заев порача дека никој не смее да помисли да си поигрува со волјата на гласачите.

„Затоа уште еднаш напомнувам, Владата и надлежните институции ќе имаат пристап на нула толеранција за евентуален обид за прекршување на изборниот процес. Никој да не помисли да си поигрува со волјата на гласачите. Македонија обезбедува слободни и демократски избори каде граѓаните слободно и без притисок го искажуваат своето мислење.Ние градиме демократско општество за сите во европска и просперитетна Македонија. Таква ја имаме веќе четири месеци, таква ќе остане и таква ќе биде засекогаш“, заврши Заев.

поврзани објави

Последни објави