11.8 C
Skopje
Wednesday, October 9, 2024

Претседателот на Кипар бара повлекување на Турците, Ердоган возврати: Остануваме засекогаш!

Наспроти најавите тешко одат преговорите за обединување на Кипар. Претседателот на кипарските Грци, Никос Анастасиадис изјави дека како услов за обединување а барањето да се повлечат Турците од островот.

„Нашите барања остануваат исти, а тоа е дека Турција мора да ги повлече своите воени трупи, односно 30.000 војници“, изјави Анастасиадис.

На ова кус во реакциите не остана ниту лидерот на Турција,  Реџеп Тајип Ердоган кој исто така беше дециден.

„Јасно им порачавме на Кипар и Грција дека не треба да очекуваат решение без Турција како гарант за тоа. Вечно ќе бидеме таму“, изјави Ердоган.

Преговорите за Кипар завршија без постигнат договор синоќа, но ќе продолжат на ниво експерти на 18 јануари.

 

поврзани објави

Последни објави