7.8 C
Skopje
Wednesday, February 28, 2024

Наместо за училишта, градинки и болници, Царовска ќе ги троши парите на граѓаните за згрижување на 150.000 мигранти

Почитувани,

Стратегијата која Мила Царовска ја испрати до општините е сè уште на сила. На граѓаните им беше забрането да се произнесат по истата и на референдум да кажат дали се „ЗА“ или „ПРОТИВ“ населување на мигранти во нивните места на живеење.

Парите кои треба да бидат искористени за училишта, градинки и болници, Мила Царовска ќе ги пренасочи кон згрижување на 150.000 мигранти.

Граѓаните со право се загрижени за нивната иднина и иднината на нивните деца во Македонија. Изјавите на Оливер Спасовски кој вели дека мигранти нема да пристигнувале во Македонија експресно се демантирани од меѓународните институции. Изјавите на Социјалдемократскиот сојуз дека Македонија ќе биде само транзит земја, исто така, експресно се деманитрани од одлуките кои ги носи самата влада.

Пред околу 24 часа, Европската Унија и државите членки составија полиса да вратат околу 10 илјади мигранти назад во нивните региони поради страв од преоптоварување на економијата на Европската Унија. Европската Унија брои буџет од 157 милијарди евра, а сепак стравува за економскиот опстанок поради приливот на мигранти.

Во медиумите протекоа информации дека во Куманово ќе се населуваат 10.000 мигранти, во Штип ќе се населуваат 6.000 мигранти, низ сите македонски општини ќе се населуваат мигранти кои ќе преставуваат товар за општините на кои не им се зголемува буџетот.

До сега, Социјалдемократскиот сојуз не само што ги спречи граѓаните да го дадат својот глас на референдум, не само што не излезе со јасен став околу стратегијата за населување мигранти, туку и се исмева со јавноста заради загриженоста колу ваквата политика на Социјалдемократскиот сојуз.

Почитувани,

Загриженоста на граѓаните не смее да биде од никој исмевана,а  гласот на граѓаните не смее да биде од никој погазуван, затоа, токму граѓаните, оние исмеаните, оние погазените, ќе ја казнат политиката на Заев на 15-ти октомври.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -