Њујоршкиот ресторан “Лусис кантина Кента” создаде специјален хамбургер по повод роденденот на рускиот претседател Владимир Путин. Денеска на 7 октомври, тој навршува 65 години. Хамбургерот соддржи висококвалитетно говедско месо, кашкавал, зачинет мајонез, салата, лут тајландски сос “Шричача”, а исто така и мешавина од коријандер и кромид. Хамбургерот кој е именуван по рускиот претседател се нуди само еднаш годишно – на неговиот роденден (7-ми октомври), е околу шест пати поголем во споредба со останатите хамбургери во локалот и оди со дополнителна порција помфрит. Нешто повеќе – според рецептот тој треба да тежи точно 1952 грама – бројот што одговара на годината на раѓање на Путин. Самиот ресторан дури има правило, според кое посетителот го добива бесплатно хамбургерот, ако успее да го изеде целиот во рок од 30 минути. Инаку тој ќе мора да ја плати целосната вредност, која изнесува околу 30 долари.