Иако е само еден обичен ден, многумина сметаат дека 13. петок е проколнат ден кој носи лоша среќа, поради што внимаваат што прават и се обидуваат да не го „разбудат“ ѓаволот.
Според некои верувања, менување на постелина или пак сечење на нокти на петок 13-ти носи лоша среќа, исто така пожелно е да се избегнуваат превозни средства и тврди предмети.
Денот уште го споредуваат и со „црн петок“, особено кај Американците. Токму во петок се смета дека се случила смртта на Исус Христос. Исто така на 13-ти петок Ева го натерала Адам да гризне јаболко.