21.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

Декември ќе биде тажен месец за љубителите на фудбалот

Некогашниот најдобар фудбалер на светот Кака призна дека размислува да стави крај на својата фудбалска кариера.

Фудбалската јавност ја растажи Андреа Пирло кој потврди дека на крајот на сезоната Њујорк ќе ја заврши својата фудбалска кариера, но се чини дека нема да биде единствен. Сега е повеќе од јасно дека декември ќе биде тажен месец за фудбалските фанови бидејќи покрај Пирло своето повлекување од фудбалот го најави уште еден легенда.

По заминувањето од Милан Кака одлучи да се врати во Сао Паоло каде не се задржа многу долго. Веќе неколку сезони бразилскиот играч игра во америка во MLS, во дресот на Орландо, но се по извесно е дека на крајот на оваа сезона, во декември, ќе ги соблече копачките засекогаш.

Не се чувствувам толку радосен кога играм фудбал како некогаш. Чувствувам болка секој пат кога ќе го завршам натпреварот. Моето тело не може да го поднесе сето тоа и свесен сум дека имам 35 години. Време е да се каже дека е крај“, рече Кака.

поврзани објави

     

Последни објави