13.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Јаховиќ и кажа збогум на Македонија: 30 голови за една година, прв стрелец во Турција, а во репрезентација резерва

Адис Јаховиќ револтиран од тоа што не доби шанса да заигра за Македонија на последните два дуели од квалификациите за СП против Италија и Лихтенштајн се огласи преку социјалните мрежи.

„30 голови за една година во Турција не се доволни. Прв стрелец во Суперлига на Турција и повикан како резервен играч во репрезентацијата. Браво. Ама јас имам карактер поголем отколку вие сите заедно душмани“, напиша на својот профил на фејзбук, Јаховиќ.

Со ова станува јасно дека Јаховиќ се простува од репрезентацијата на Македонија, барем додека селектор е Игор Ангеловски

поврзани објави

Последни објави