13.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

ВИДЕО: На денешен ден пред 24 години Македонија го одигра првиот официјален меч

Репрезентацијата на Македонија на денешен ден пред 24 години, го одигра првиот меѓународен натпревар на гостување во Крањ против Словенија. „Црвено-жолтите“ предводена од селекторот Андон Дончевски славеа удедлив победа од 4:1. Македонија на тој меч настапи со следниот состав: Мицевски, Грозданов, Јовановски, Канатларовски, Најдовски, Јаневски, Бошковски, Марковски, Панчев, Бабунски, Мицевски.

„Тоа е златна генерација. „Децата“ од мојата генерација беа кадарни да се фатат во костец со најдобрите Европа и затоа без двоумење прифатив да бидам селектор затоа што имав верба во нив“, вели Андон Дончевски. 

Првиот гол за нашиот репрезентативен тим го постигна Зоран Бошковски – Чоко во 5. Минутаа, а стрелци за Македонија беа уште и Панчев и Јаневски од пенал и Драган Канатларовски.

поврзани објави

Последни објави