-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Висока стапка на смртност кај новороденчињата, граѓаните бараат одговорност

Активистите од граѓанскиот сектор остро го критикуваат пристапот на Министерството за здравство за решавање на проблемот со високата стапка на смртност кај новороденчињата. Тие велат дека новото раководство на Министерството имало доволно време да го реши проблемот со кусокот инкубатори и додаваат дека треба да најде долгорочно решение за овој проблем.

Од Министерството за здравство велат дека работат на решение за ова прашање, но и за целосно подобрување на здравствениот систем.

Министерството за здравство продолжува со постапката за итно купување на нови инкубатори со кои ќе се реши проблемот со немање на инкубатори. Преземени се мерки за зголемување на нивото на хигиена. Паралелно работиме на отворање на нов оддел за интензивна нега во детската клиника. Исто така, ќе се направи реновирање на системот на вентилација за интензивна нега после локалните избори, а исто така после изборите ќе се вработат и лекари, медицински сестри, педијатри и анестезиолози“. – соопштуваат од Министерство за здравство

Според податоците од клиниката за гинекологија, од јануари до септември бројот на починати новороденчиња е 127, или на секој втор ден по едно. Ова предизвика големи реакции во јавноста. Пред некој ден, Државниот санитарен инспекторат соопшти податоци за големи нерегуларности во клиниката за гинекологија, како немање хигиена, лоши услови во клиниката, недостиг на лекарски кадар, недостиг на потреба апаратура и слично. Овие забелешки Инспекторатот ги утврди по вонредната контрола направена откако неодамна во иста вечер починаа четири новороденчиња.

Извор: Алсат М

поврзани објави

Последни објави