Овие млади играчи пружеа одлични резултати во младите категории на своите екипи, но од повеќе причини не успеаа да ги исполнат очекувањата и да остварат светска кариера каква што им предвидуваа.
Шпанска Марка направи список од десет играчи чиј потенцијал остана неискористен.
Gai Assulin – требаше да биде новиот Меси, дебатираше за Барселона под водство на Гвардиола, но кариерата му пропадна па продолжи во клубови како Sabadella, Racing, Mallora и Tel Aviv.
Freddy Adu – “Новиот Пеле“. Со само 16 години дебитираше за репрезентацијата на САД, а потпиша договор со Бенфика. Сега е слободен играч.
Federico Macheda – едно време играше добро во Манчестер Јунајтед, а кариерата ја продолжи во QPR, Sampdoria и Doncaster.
Javier Portillo – за младата категорија на Реал постигнуваше голови од забава, но никогаш немаше прилика за настап во првата екипа па луташе од клуб до клуб. Играше за Osasuna, Hercules и Gimnastic.
Yoann Gourcuff – “малиот Зидан“ – се придружи на Лион и беше најплатен играч во Франција, а статус на ѕвезда имаше и при заминувањето во Milan, но никогаш не ги оправда очекувањата. Играч е на Rennes.
Gael Kakuta – Возбудлив играч кој во право свето се покажа во 2010. година на U-19 Европско првенство, но зачестената промена на клубови влијаеше на негов развој па сега игра во Aminesu.
Jack Wilshere – еден натпревар птови Барселона го направи најперспективниот англиски играч од среден ред, но потоа се здобиваше со чести повреди кои придонесоа да игра како резервен играч.
David Bentley – беше наречен “новиот Бекам“, но не успеа да се наметне во тимот на Тотенхем.
Anderson – многу најверојатно се сеќаваат на времето кога играше за Манчестер Јунајтед. Еден од бројните бразилски таленти кој кариерата ја продолжи во Fiorentina, а сега игра во Cortiba.
Fran Merida – почна во Барселона, замина во Англија за да стане новиот Цеск, но во тоа не успеа и сега игра во Осасуна.