За Штип ќе кажам дека најдобро ќе беше за ВМРО НП да биде со советничка листа и ќе беше чиста сметката. Вака и без претставник во советот ќе зависат сите работи од нас за конечниот исход. Се надевам дека без да ми ја бркаат главата и да ме брлавеат мене и членовите на Народна од Штип ќе не остават да донесеме правилна одлука која ќе биде во интерес на граѓаните на Штип. Доста ми е од нововерци лажни емисари и слични на нив. Јас сум во политиката 27 години, од тоа 17 години советник па сега имајте малку доверба и не по моја вина оваа комплицирана ситуација да ја откомплицираме, стои во ФБ статусот на претседателот на ВМРО НП од Штип Зоран Костовски.