4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Малчески: ВМРО-ДПМНЕ мора да има нов лидер, човек кој не е извалкан со “груевизмот“

„ Не верувам дека ќе има кинење на партиски книшки, но постои револт во партијата. ВМРОВЦИТЕ го победија Груевизмот“, рече Самоил Малчески во емисијата “Само Вистина“ на Канал 5.

Не треба да се замени еден претседател со друг претседател, да имаме конгрес кој би го нарекле “демократски“. Сметам дека во суштина овој период се остава да видиме како Груевски ќе се однесува. Тој мислам дека ќе повика на одговорност на некаков ЦК на кој ќе му кажат како треба да се гласа. Има критична маса, која од ден на ден е се поголема и поголема. Ние мораме да одиме фазно. Првиот чекор е оставка на Груевски. Вториот чекор мора да се формира статутарна комисија. Тука ќе мора да стави луѓе кои ќе го водат тој процес. Тој ќе се обиде да го минира тој процес но нема да успее. Тој ги изгоре ОК на партијата и тие се свесни дека партијата со него тоне. Јас сум во секојдневна комуникација со партиското членство. Ние мораме да имаме нов лидер на партија. Тоа мора да е човек кој не бил извалкан со Груевизмот, додаде Малчески.

 

поврзани објави

Последни објави