-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Борисов му „скокна“ на Ердоган

„Пред 13-ти и 14-ти век, Балканот имал своја историја, има наследници кои стигнале дури до Цариград. Дали е корисно, да го спомнуваме царот Симеон, каде отишол тој и кој каде се криел во неговото време“, тоа го изјави премиерот на Р. Бугарија, Бојко Борисов за време на заедничката прес-конференција со претседателот на Советот на министрите на БиХ, Денис Звиздиќ вчера во Сарајево.

Така Борисов му одговори на турскиот премиер Ердоган, кој порано оваа недела потсети на една препорака на поранешниот председател на БиХ, Алија Изетбеговиќ, кој еден ден пред својата смрт во 2003 година му порачал на Ердоган дека „Турците како наследници на освојувачот на Цариград и на целиот Балкан имаат обврска, имаат обврска да се грижат за земјите, што им биле оставени во наследство“.

„Тоа не е начинот за европско комуницирање со државите (изјавата на Ердоган, бел.ред). Токму затоа сите ние се бориме за сите кои не се дел од НАТО да влезат, како гарант за безбедност и стабилност. Токму затоа се зборува за заедничка европска одбрана и поради таа причина се трошат пари за истата таа заедничка одбрана“.

Борисов е првиот бугарски премиер кој ја посетил официјално БиХ и покрај фактот дека Бугарија прва ја признала независноста на оваа федерација во 1992 г.

Борисов подвлече дека Турција има интерес од добри односи со ЕУ, поради огромната трговска размена, што е помагана и од бугарска страна. Бугарскиот премиер изјави дека ваквите изјави нема да му помогнат на Балканот да тргне напред, а тоа ќе биде искористено од исламските екстремисти.

Од своја страна Звиздиќ истакна дека и покрај прекрасните меѓусебни односи со Турција, БиХ и припаѓа на Европа.

Борисов на свој ред подвлече дека не само БиХ, туку и Македонија, Србија и Црна Гора треба да станат дел од ЕУ и истакна дека ако се гледа во минатото, тој процес ќе се уништи, бидејќи секоја една од овие земји има отворени прашања кои треба да бидат решени пред влезот во ЕУ.

поврзани објави

Последни објави