-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Пуџдемон: Пружете му мирен отпор на Мадрид

Каталонскиот лидер Карлес Пуџдемон  ги повика Каталонците да им прижат отпор на мерките усвоени од Мадрид, а кои се однесуваат на преземање контрола над регионот.

Тој во денешното кратко телевизиско обраќање побара од народот „ненасилно“ да ја одбие контролата на Мадрид.

– Јасно е дека најдобра форма на одбрана е демократска опозиција на членот 155, истакна Пуџдемон.

Каталонскиот лидер нагласи дека ќе продолжи да работи на „создавање слободна земја“.

Во своето прво обраќање откако каталонскиот парламент вчера прогласи независност на регионот, Пуџдемон потенцира дека одлуката на Мадрид да ја укине автономијата на Каталонија е против волјата на народот.

поврзани објави

Последни објави