33. годишниот основач на социјалната мрежа Фејсбук Марк Цукенберг тежи 74 милијарди долари и тоа го прави еден од најбогатите луѓе во светот. И покрај огромната сума, со која располага, тој не води особено луксузен живот особено во споредба со некои многу “по-бедни“, но растурени холивудски ѕвезди.
Во блиско минато Цукенберг и неговата сопруга Пресила Чан, која е основач на фондацијата Chan Zuckerberg initative, решија да подарат значителен дел од своите пари за хуманитарни цели. За што друго двајцата ги трошат своите пари? Од Business Insider даваат одговор на ова прашање.
Можеби знаете, дека Цукенберг претпочита да носи повеќе тренерки, маички и дуксери односно лесна и неформална облека наместо костуми. И покрај тоа што тие изгледаат доста обично, неговата облека е луксузна марка и всушност не е воопшто евтина.
Сите маици кои ги носи, правени се по нарачка и доаѓаат одпознат италијански дизајнер по цена која се движи од 300 до 400 евра. Но, и да имате толку пари нема даможе да ги купите, затоа што се прават посебно за него.
Кога се во прашање, исто така „обичните“ дуксерки, магазинот „GQ“ воочил дека не се направени од памук, туку од многу поегзотичен материјал.
Уредниците на оваа модно списание веруваат дека тие најверојатнос е од кашмир и дека цената им се движи од 900 до неколку илјада евра.
Покрај цената, многумина веројатно се збунети со неговата одлука да носи скоро идентични работи секој ден, судејќи по неговите зборови, зад сето тоа стои добра причина.
Шефот на Фејсбук не е љубител на луксузните автомобили. Тој вози Acura TSX, Volskwagen и Honda Fit, а секоја од нив се оценува на под 30 000 долари.
Тој, заедно со сопругата и двете деца, живее во куќа во Пало Алто, Калифорнија, купена за 7 милиони долари во текот на 2011 година. Откако ја купи, тој почна да ги купува и околните имоти и за нив потроши уште 30 милиони долари.
Во текот на 2014 година младиот милијардер купи куќа со приватна плажа на острово Кауаи на Тихиот океан.
Тој не патува многу од задоволство. Но кога го прави, расходите му се големи. Во текот на 2015 година плаќа 5 милиони долари за осигурување на својата безбедност и транспорт.