Шпанскиот парламент во петокот одобри воведување на итни мерки во Каталонија, кратко време откако каталонскиот парламент изгласа независност на покраината на североисточниот дел на Шпанија, но тоа за сега не би требало да влијае на продолжувањето на шпанското фудбалско првенство. Прогласувањето независност не би требало да влијае на спортските натпреварувања, барем не во блиска иднина.
-Тоа е долг процес во кој мораат да учествуваат и меѓународните фудбалски организации УЕФА и ФИФА, а во овој момент не постои причина дека такво нешто би можело да се случи и поради желбите на лидерите на Барселона. Ова е процес кој би можел да трае и подолго од шест години, пренесува угледниот спортски весник „Марка“.
Тоа, со сигурност нема да им се допадне на голем број од фановите на каталонските екипи кои со месеци веќе сакаат целосна независност.
-Нема никакви шанси Барселона, Еспањол или било кој друг клуб од Примера веднаш да биде исклучен од Ла Лига или да настапи под друго знаме, се ќе остане исто како и до сега. Според шпанскиот закон за спортот, само Андора има право да учествува во нејзините натпреварувања, а за да дојде до промена на законот, и клубовите од независна Каталонија да можат да се натпреваруваат во заедничка шпанска лига, потребно е најмалку шест месеци и желба на државата да ја промени законската рамка, заклучува „Марка“.