6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Последен пат на авион на компанијата Ер Берлин

Авион на компанијата Ер Берлин за последен пат слета на берлинскиот аеродром вчера, со што компанијата по речиси четири децении прекина со работа поради стечај.

Летот АБ 6210 го дочекаа поранешни вработени, а пожарникари авионот традиционално го поздравија со воден топ.

Последниот лет беше со позивен знак BER4EVR, леташе од Минхен до Берлин, а попатно направил и проштална тура над Берлин.

При полетување и слетувањето екипажот низ прозорецот на кокпитот истакнал знаме со логото на Ер Берлин.

Компанијата во изјавата која што ја објави се заблагодари на вработените, партнерите и патниците кои низ годините го дале своето срце и верност.

Ер Берлин во август пријави стечај откако мнозинскиот сопственик, компанијата Етихад, одбиј да продолжи со финансирањето.

80 од 130 авиони на Ер Берлин ќе ги превземе Луфтханза, а за останатите се преговара со компаниите Изиџет и Кондор.

Според управителот на стечајната постапка Франк Кебекус, најголемиот дел од 8000. вработени во Ер Берлин би требало да најдат работа во компаниите кои што ги преземаат авионите.

Се очекува околу 3000 вработени од Ер Берлин да преминат во нискобуџетната компанија на Луфтханза, Јуровингс.

поврзани објави

Последни објави