6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Зошто успехот ни зависи од тоа за кого се жениме/мажиме?

Често ја слушаме фразата “Зад секој успешен маж стои добра жена“. Тоа беспорно е така, но со истата сила изразот важи и за успешните жени.

Всушност луѓето, кои имаат сопрузи кои ги поддржуваат, имаат поголема шанса да успеат, тврди истражување на Универзитетот Карнеги Мелон во САД.

Истражувањето е спроведено на 163 двојки во брак, а резултатите откриваат, дека луѓето кои имаат партнер кој ги поддржува е по веројатно да се впуштат во поголеми предизвици.

Многу успешни луѓе говорат за значењето на половинката која ги поддржува и која е на нивна страна. Екс претседателот на САД Барак Обама го припишува политичкиот успех на својата жена Мишел.

Барак Обама и Мишел Обама

“Очигледно, не би можел да направам ништо од тоа кое го постигнав без Мишел“, кажа тој пред Опра во 2011 г.

“Ме праша што ми го поддржува здравиот разум, душевното расположение, и како можам да се справам со сите предизвици и напори кои ги носи оваа работа. Оваа е таа млада дама (посочувајќи ја својата жена Мишел)… Таа не е само чудесна прва дама, таа е моја најголема поддршка“, сподели Барак Обама.

Сличен став има и основачот на Фејсбук Марк Цукенберг кој вели дека неговата сопруга е неговата најголема поддршка која е секогаш тука, но и негова најголема мотивација за работа.

Марк Цукенберг и Присила Чан

“Присила е најважниот човек во мојот живот, така можам слободно да кажам дека, таа е најважното нешто кое успеав да го изградам во текот на мојот живот“, рече Цукенберг.

Се разбира, не се само жените тие кои даваат максимална поддршка на своите сопрузи. Поп ѕвездата Бијонсе пред Опра Винри во 2013 г. рече дека нејзиниот сопруг, раперот и успешен бизнисмен Џеј Зи е исклучителна поддршка која и помага во многу области од животот.

“Немаше да бидам жената која сум денес, ако кога се вратев дома не ме дочекаше мојот маж. Тоа ми беше доволно силна и здрава основа да продолжам и да успеам“, рече бившата лидерка на Destiny’s Child.

поврзани објави

Последни објави