3.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Дар во фудбалот кој предизвикуваше скандал: Уживаше во кокаинот, дриблаше цела екипа и постигнуваше контроверзни голови

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, за некои и најдобар, подобар дури и од Пеле, љубител на навивачите… Кратко и јасно – Диего Армандо Марадона!

Беше феноменален фудбалер, играч кој ги освои сите со магичните потези. Иако низок, тој беше играч кој знаеше да ја воодушеви публиката, а со неговите потези противничките играчи ги оставаше без решение, имаше сјајни продори и прекрасни голови.

На свои 15 години дебитираше за Аргентинос Џуниор. Тогашниот селектор на Гаучошите, Цезар Луис Меноти, ги игнорираше апелите Марадона да настапи на Муднијалот 1978. година, но затоа се појавува на наредниот. Сепак, врвот на кариерата ја постигнува во 1986. година, кога е најдобар играч на Светското првенство.

Стана една од најпопуларните фудбалски личности. Аргентина и денес го смета за десна божја рака, а особено почитуван беше во Наполи.

Аргентинските навивачи највеќе се сеќаваат на неговиот гол против Англија кога топката ја примаше на половина терен, ги надмудри петте одбранбени играчи и голамнот Петер Шилтон и го постигна еден од најубавите погодоци на СП. Врвната вештина на Марадона само го истакна неговиот подоцнежен пад. Неговата “љубов“, со Италија траеше се до СП – 1990. Следното лето на допинг контрола во крвта му е пронајден траг од кокаин. Прво следуваше суспензија на 15 месеци од италијанскиот фудбал, а подоцна и од меѓународниот. Тогаш се врати во татковината, каде што е уапсен за поседување кокаин.

https://www.youtube.com/watch?v=rHXtnAwH8Js

Неговото враќање на СП безобразно заврши поради повторното паѓае на допинг контролата, по што следеше нова 15 месечна суспензија. Наредниот обид да се врати во фудбалот траеше кратко и тоа беше јасен почеток на крајот на една сјајна кариера. Од тогаш, Диего се бореше со зависноста од дрога, но 2000. година сепак стана, спрема изборот на ФИФА, фудбалер на векот, заедно со Пеле.

Марадона на светските првенства одигра 21 натпревар, односно 1.940 минута, постигна осум голови, имаше исто толку асистенции, шутираше на гол 59 пати, од кои 26 во рамките на голот. Од осум погодиц, Марадона постигна шест голови со левата нога, еден со глава и еден, секако, со рака. Гледајќи го СП од 1966., Марадона имаше највеќе асистенции (осум) и дриблинзи (105), но и – играње со рака (седум)!

поврзани објави

Последни објави