7.8 C
Skopje
Thursday, February 22, 2024

К*ртон спој

Сител е најгледаната телевизија во македонскиот медиумски етер и нормално е таа да го добие најголемото парче од тортата наречена „пари за пропаганда“. Како што јавува „Фокус“ работодавачите на Латас и Ивона добиле 125 илјади евра за реклама и пропаганда (овде). Супер!!! Сега само треба да им биде објаснето на наивните „идеалисти“ и искрените „глуперди“, кои веруваа дека „моделот Латас“, нема да го има после падот на Груевски, со што „куртон-вестите“ од времето на „режимот“, ќе бидат поразлични од вестите и политиката на телевизијата сега кога „дојде животот“ во Македонија?

Одговорот на тоа прашање е повеќе од важно. Народот треба да знае дали куртон вестите веќе ја сменија својата боја? Исто така важно е да се знае и колку Тамари ќе можеа да се спасат со овие пари, оти нели тоа прашање беше актуелно кога се шараше низ Скопје?! СДСМ треба да одговори и на прашањето дали газда Ѕинго успеа да се договори со новиот претседател на Владата на РМ. и дали веќе пајтон партијата СПМ е дел од слободарскиот камп (каде веќе од неколку месеци удобно се наместени ДУИ, Демократски сојуз и ДОМ, кои и покрај фактот што долги години беа дел од „режимот“, сега си кулираат, во новото руво на антигруевисти.)

Инаку јас како необјективен новинар со низок просек и мал ај да не велам што, им благодарам на носителите на животот во Македонија и нивните „ривали“ од Белата палата. Сега сум раат. Мило ми е што не сум дел од вашите mainstream авторитети. Убава порака испративте до сите бруцоши запишани на студиите по новинарство. Да си ја знаат цената, бидејќи секое нешто во вашиот свет си има цена… нели?!

Јас сум еден од оние анонимуси кои не го вадат Миленко од уста. Згрижете го и него. Чим имате за Латасовите газди, ќе најдете нешто и за Козарот, за да биде фер. Откако ќе ги трансферирате сите довчерашни апологети на Груевски и неговото опкружување, пошо веќе ги згриживте и „независните“ твитерџии, можно е дупката во буџетот да се зголеми, ама ич да не ви е гајле. Ќе ги качите придонесите и ДДВ-то и готово, нема мака.

Морам да им признаам на СДСМ дека се визионери. Утре може да се појави и некој нивен Диме Спасов, кој ќе има потреба да биде оправдан од Началничево во „објективен и независен“ уреднички коментар.

Пишува: Батко Тане

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -