Според извештај на турскиот парламент, делови од кој објави турскиот весник „Хуриет“, САД имаат 150 нуклеарни боеви глави распоредени во Италија, Германија, Белгија, Холандија и Турција.
Во извештајот на турскиот Парламент се проценува дека има околу 15.000 нуклеарни боеви глави во светот, кои се сопственост на 14 држави и тие се распоредени во вкупно 107 воени бази. Од нив, 9.400 се уште се употребливи, додека преостанатите се застарени и треба да бидат уништени.
Без конкуренција најголеми нуклеарни воени сили се САД и Руската Федерација, кои заедно имаат околу 93 проценти од светскиот нуклеарен аресенал.