Руската ФСБ уапси четири лица осомничени за планирање напади врз административните згради и полиција во Москва за време на претстојниот празник. Уапсените се членови на групата Артпадгатовка, кои се осомничени дека за време на викендот на Денот на националното единство, имале намера да фрлаат запаливи бомби на административните згради и да ја нападнат полицијата. Според руските тајни служби групата е формирана од опозицискиот активист Вјачеслав Малчев. Според нивната истрага групата планирала напади во уште пет други градови. Малчев летово ја напушти Русија, а против него е започната судска постапка, бидејќи е обвинет во екстремизам.